• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Џабер се повлече од турнирот во Синсинати

Џабер се повлече од турнирот во Синсинати

Синсинати, 12 август 2024 (МИА) - Поранешниот светски рекет број два, туниската тенисерка Онс Џабер објави дека ќе го пропушти ВТА 1000 турнирот во Синсинати поради влошување на повредата.

Во првото коло на турнирот, Џабер требаше да се сретне со Русинката Анастасија Пављученкова.

-Сите мои напори да се опоравам по Торонто не помогнаа, мојата моментална состојба не ми дозволува да се претставам на потребното ниво. Правам се што можам за да закрепнам за претстојниот УС Опен, напиша Џабер на социјалните мрежи.

Турнирот во Синсинати ќе се одржи од 13 до 19 август. Минатата година трофејот го освои Американката Кори Гауф. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан