• четврток, 26 декември 2024

Ќучук: Неприфатливо е да не се дозволи влез на европратеникот Андреј Ковачев во Северна Македонија

Ќучук: Неприфатливо е да не се дозволи влез на европратеникот Андреј Ковачев во Северна Македонија

Софија, 6 мај 2023 - Недозволиво и неприфатливо е да не се дозволи влез на европратеникот Андреј Ковачев во Република Северна Македонија, изјави за БТА европратеникот и известувач во Европскиот парламент за Република Северна Македонија, Илхан Ќучук. Станува збор за бугарски државјанин, пратеник во Европскиот парламент, кој отишол таму со добри намери - да го почитува заедничкиот спомен. Треба да се изрази несогласување со овој став, кој треба да биде доволно силен од страна на бугарската амбасада и од страна на европратениците, вели Ќучук. Во понеделник ќе се сретнеме и ќе видиме што може да се направи, додаде тој.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор. 

Претходно денеска, европратеникот од ГЕРБ/ЕНП Андреј Ковачев, претседателот на Фондацијата „Бугарска памет“ Милен Врабевски и уште три лица, граничните власти на Република Северна Македонија не им дозволија да присуствуваат на настан во чест на споменот на загинатите бугарски војници кај Ново Село. Ковачев рече дека го информирал министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи, кој заедно со премиерот Димитар Ковачевски се во Њујорк, и не знаел точно каква е ситуацијата.

_________________________________________________________________________

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан