• сабота, 16 ноември 2024

Ќе се санира пристапен пат до земјоделско земјиште во месноста „Бела прст“ во Неготино

Ќе се санира пристапен пат до земјоделско земјиште во месноста „Бела прст“ во Неготино
Неготино, 20 април 2023 (МИА) - Ќе се санира пристапен пат до земјоделско земјиште во месноста „Бела прст“ во Неготино, информираше попладнево неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.
 
Тој истакна дека тоа ќе значи поголема безбедност и подобар пристап за транспорт на земјоделското производство. 
 
- Предмет на договорот помеѓу општина Неготино и „Градба промет" е санација на пристапен пат до земјоделско земјиште во должина од 750 метри. Вкупната вредност на проектот изнесува 940.460 денари, а рокот за изведување на работите е 30 денови и почнува да тече од воведувањето на изведувачот во работа, соопшти Стојанов. 
 
Тој појасни дека според техничката спецификација, санацијата на пристапниот пат во должина од 750 метри, опфаќа машински широк ископ на земја, утовар и транспорт до депонијата, машински ископ на земја од постоечки и новопредвидени канали за одводнување на патот од атмосферски води, валирање и набивање на подтлото и набавка, транспорт и вградување на тампон, долж целиот пристапен пат до месноста „Бела прст“. свд/фф/
 
Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан