• четврток, 12 февруари 2026

Ќе се реконструира влезот во велешкото село Иванковци

Ќе се реконструира влезот во велешкото село Иванковци

Велес, 9 февруари 2026 (МИА) - Целосно ќе се реконструира влезот во село Иванковци, за што веќе е избрана фирмата изведувач и градежните зафати ќе започнат во текот на наредната седмица, информира денеска градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев.

Овој проект е еден од петнаесетте за кои се обезбедени финансиски средства преку Владата, во соработка со Министерството за транспорт.

- Со овој проект  значително ќе се придонесе за опстанок и развој на оваа село. Уште едно барање на жителите кои живеат и гравитираат кон село Иванковци е исполнето. Рамномерниот развој на Општината е приоритет во работењето, потенцира Колев. ад/дма/

 

Фото: Општина Велес 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан