• петок, 27 декември 2024

Ќе се поставуваат фотоволтаични панели на општинската зграда во Дебар

Ќе се поставуваат фотоволтаични панели на општинската зграда во Дебар

Дебар, 18 април 2024 (МИА) - Општина Дебар набрзо ќе почне со реализација на два значајни проекти за градот и неговите жители.

 - Првиот проект се однесува на поставување фотоволтаични панели на општинската зграда и на големата градска спортска сала. Вториот проект е  реконструкција  на улица „206" во населбата „Венец 2“, изјави за МИА градоначалникот Хекуран Дука.

Според него подготвителната фаза веќе е реализирана  со  учество на избраните фирми кои ќе ги реализираат овие проекти.

- Финансискиот дел го покрива Центарот за развој на  југозападниот плански регион. За поставувањето фотоволтаични панели на споменатите два објекта одобрени ни се над 2,74 милиони денари, додека за улицата 1,6 милиони денари  со пресметан  ДДВ, додаде Дука.

Тој искажува голема благодарност за соработката и поддршката на Центарот за развој на југозападниот плански регион, со чија финансиска поддршка реализирани се повеќе проекти.

Инаку, во општинската зграда освен локалната самоуправа просторно се сместени и подрачни единици и канцеларии на министерства и други државни институции. 

Во големата спортска сала, изградена со европски средства, се одржуваат многу спортски и културни активности. вт/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан