• недела, 24 ноември 2024

Ќе се намали стартната цена на такси превозот во Куманово

Ќе се намали стартната цена на такси превозот во Куманово

Куманово, 29 март 2020 (МИА) - Ќе се намали стартната цена на такси превозот во Куманово, од 60 на 50 денари одлучиле на денешниот состанок градоначалникот Максим Димитриевски и претставници на четири лиценцирани такси компании во градот, информираа денеска од општина Куманово.

Намалената цена е придонес на такси компаниите како општествено одговорни компании во овој период.

На средбата со лиценцираните такси компании „Принц, Спид, Ало Џокер и Лукс такси, се дефинира начинот на спроведување на такси услугите во овој период на вонредна состојба, како и начинот на превоз за итни случаи во време на полициски час.

Воедно, такси услугите за итни потреби на граѓаните ќе можат да се одвиваат и во период на полициски час по претходна најава на самите граѓани во СВР Куманово на број 192 со образложение за итноста.

Таксистите треба  да ги почитуваат препораките и одлуките на Владата на Република Северна Македонија за ограничувања во такси превозот и одржување на минимум дистанца во возилото на патниците.

Задолжително по извршениот такси превоз компаниите се должни да ги дезинфицираат возилата по секој извршен превоз. За таа цел, на компаниите Општинскиот штаб за заштита и спасување на такси компаниите од Куманово им донира средства за дезинфекција на возилата и заштитни маски.ам/ир

Остани поврзан