• недела, 24 ноември 2024

Ќе се наградуваат редовните плаќачи на комунална такса во Македонска Каменица

Ќе се наградуваат редовните плаќачи на комунална такса во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 9 февруари 2021 (МИА) - Во Македонска Каменица, комуналното претпријатие и годинава ќе ги наградува редовните плаќачи на комуналната такса. Од Јавното претпријатие „Камена Река" информираат дека традиционалната наградна игра, која се организира за таа цел, ќе ги опфати оние корисници, кои ја имаат подмирено комуналната такса за претходната година.
- Во наградната игра, право на учество имаат сите оние корисници, кои ја имаат подмирено комуналната такса, заклучно со месец декември 2020 година, а ја имаат платено најдоцна до 31 јануари 2020 година, истакнаа од претпријатието.
Доделувањето на наградите ќе се изврши на 19 февруари 2021 година, во кругот претпријатието со почеток од 12 часот.
- Извлекувањето на наградите ќе биде со влечење на ливче со шифра. Шифрите ќе бидат исти со шифрите кои ги има секој корисник на својата комунална сметка. За најсреќните корисници чија што шифра ќе биде извлечена следува добивка. Меѓу главни награди за редовните плаќачи на услуги се предвидени телевизор, шестмесечна претплата и други награди, посочија од претпријатието.
Имињата на добитниците на наградите, како што дополнија ќе бидат соопштени на официјалната веб-страница на претпријатието, веднаш по завршувањето на извлекувањето. вс/фф/

Остани поврзан