• четврток, 26 декември 2024

Ќе се менува дел од генералниот урбанистички план во Струга

Ќе се менува дел од генералниот урбанистички план во Струга

Струга, 27 ноември 2023 (МИА) - Општина Струга организира јавна расправа со презентација за измена и дополна на дел од генералниуот урбанистички план за град Струга.

Измените, како што соопшти општинската прес-служба, се однесуваат за урбаната единица шест и дел од урбаната единица осум, односно блок 19 и блок 23 во катастарска општина Струга.

Според информацијата, јавната презентација ќе се одржи на 22 јануари идната година, а за увид ќе биде достапен во времетраење од 35 дена, односно од 15 декември годинава до 19 јануари 2024 година на веб страницата на Општина Струга и во информацискиот систем Е-урбанизам. Примерок од Генерален урбанистички план во хартиена форма ќе биде изложен на увид на широката јавност во просториите на Општина Струга.

-Предмет на јавната презентација и на јавната расправа се графичкиот, текстуалниот и нумеричкиот дел на планската документација на нацрт планот, презентирани на начин што е јасен и разбирлив за широката јавност, стои во информацијата на Општина Струга. сс/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан