• петок, 27 декември 2024

Ќе се заловуваат и хумано ќе се третираат кучињата скитници во Охрид

Ќе се заловуваат и хумано ќе се третираат кучињата скитници во Охрид
Охрид, 3 јуни 2022 (МИА) – Кучињата скитници во Охрид ќе бидат заловувани, кастрирани, вакцинирани, чипирани и повторно враќани во заловеното подрачје. Општина Охрид инфорира дека до изградба на стационар за хуман третман, кучињата скитници ќе ги заловува ветеринарна амбуланта избрана на тендер од страна на јавното претпријатие „Охридски комуналец“. -Досега мапирани се околу 70 кучиња на повеќе локации во градот. Само изминатата година до ЈП „Охридски комуналец“ пристигнале 29 барања за надомест на штети од каснување на кучиња, а од почетокот на оваа година до сега само три, соопшти Општина Охрид. Локалната власт, како што наведуваат, го решава долгогодишниот проблем со кучињата скитници во Охрид. сс/сст/

Остани поврзан