Ќе се дигитализираат делата на роднокрајните автори од Делчево
- Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево започнува со дигитализација на делата од роднокрајните автори. Како што информираше директорката на библиотеката Билјана Петовска активноста се реализира со сопствени средства од установата.

Делчево, 14 март 2025 (МИА) - Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево започнува со дигитализација на делата од роднокрајните автори. Како што информираше директорката на библиотеката Билјана Петовска активноста се реализира со сопствени средства од установата.
-Сите наслови од роднокрајни автори кои ќе бидат дигитализирани , ќе ги чуваме во библиотеката и нашите читатели доколку сакаат да прочитаат, побараат или истражуваат, ќе мораат тоа да го направат во самата библиотеката. Се надеваме дека до крајот на годината ќе набавиме и скенер кој ќе се користи исклучиво за таа намена, информира Петровска.
Оние наслови за кои ќе биде обезбедена потпишана изјава за согласност од роднокрајниот автор, во дигитална верзија ќе бидат објавени на веб-страницата на библиотеката.
-Започнуваме со „Паметници за Царево село“, книга што ја издаде ЈЛБ„Илинден“, а првото дело кое ќе биде дигитализирано и и закачени на нашата веб-страница е „Градот“ од роднокрајниот автор Билјана Начовски, додаде Петровска.
Ова според директорката е процес кој бара време, но очекува целосна реализација за дигитализација на сите наслови од роднокрајното одделение. вс/са/
Фото: МИА