• недела, 24 ноември 2024

Ќе продолжи реконструкцијата и реставрацијата на Цареви кули

Ќе продолжи реконструкцијата и реставрацијата на Цареви кули
Струмица, 27 март 2020 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, денеска го потпиша договорот за грант од Европската унија и Владата за продолжување на реконструкцијата и реставрацијата на локалитетот Цареви кули, соопштија од општината. Како што информираат општинските власти, проектот за локална и регионална конкурентност ги опфаќа реконструкцијата и реставрацијата на Цареви кули, осветлување на бедемите и кулите на тврдината, доуредување на трим патеката Ловен дом - Свети Илија, изградба, уредување, осветлување на пешачка патека Ловен дом - Цареви Кули и уредување на планинско велосипедска патека Чам чифлик - Свети Илија. Проектите ќе почнат да се реализираат во почетокот на јуни и имаат за цел надградба на туристичката понуда на општина Струмица, заштита на културно-историското наследство, подобрување на пристапноста и туристичката инфраструктура, но и создавање на подобри и побезбедни услови за граѓаните на општината за спорт, рекреација и прошетки на ридовите над градот.рт/бт/

Остани поврзан