• среда, 18 декември 2024

Ќе нема потреба од дотур на вода, дефектот нема да трае повеќе од една редовна санација, тврди Арсовска

Ќе нема потреба од дотур на вода, дефектот нема да трае повеќе од една редовна санација, тврди Арсовска

Скопје, 17 декеври 2024 (МИА) – Нема да има потреба од дотур на вода, затоа што санацијата на дефектот нема да трае повеќе од една редовна санација на кој било дефект што го имаме во градот, посочи денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на акцијата за засадување на дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош заедно со првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и евроамбасадорот Михаил Рокас.

Во одговор на новинарско прашање во врска со најавениот прекин на вода во сабота, Арсовска рече дека очекува санацијата на дефектот да биде завршена во текот на едно деноноќие, односно како што рече, согласно планот изготвен од страна на техничките лица од јавните скопски претпријатија, санацијата се очекува да биде завршена во што е можно во пократок рок.

– Овој дефект е еден од четирите којшто ќе се санира и којшто ќе биде завршено во текот на викендот се подготвени од страна на техничките лица на јавните скопски претпријатија согласно планот да се направат што е можно во пократок рок, така што за истото нема да има никаква потреба од дотур на вода, затоа што нема да трае ништо повеќе од една редовна санација на кој било дефект којшто го имаме во градот. Сите оние коишто сакат од политички или какви било други побуди да креираат неизвесност или пак страв меѓу населението апелирам тоа да не го прават затоа што службите коишто работат во градот и согласно онаа студија која што ја изготвивме за состојбата во која што се наоѓаат магистралните цевководи мислам дека апсолутно ќе биде завршено во текот на едно деноноќие, рече Арсовска.

Затворањето на една од главните доводни цевки на магистралниот водоводен цевковод, Арсовска додаде дека се случува еднаш на 50-60 години и истото било одложуивано повеќе од една деценија.

– Знаете дека се работи за зафат кој има сериозен и сложен оперативен план. Значи, затворање на една од главните доводни цевки на магистралниот водоводен цевовод, нешто кое што се прави како операција еднаш на веќе 50-60 години и она кое што е навистина значајно за Скопје и за скопјани е дека континуирано повеќе од една деценија се одложувало санирањето кое што е неопходно за да имаме мрежа која што ќе трае и во наредните 50 години на истиот начин на којшто ги опслужувала граѓаните како и досега, рече Арсовска. ра/са/

Фото: МИА

 

Остани поврзан