• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ќе им се забрани на играчите да се расправаат со судиите

Ќе им се забрани на играчите да се расправаат со судиите
Милано, 21 мај 2020 (МИА) - Во Италија беше издадена чудна забрана, предизвикана од пандемијата од коронавирус. Според протоколот во Серија „А“, според кој првенството ќе биде обновено, на играчите им е забрането да се расправаат со судиите за време на натпреварите. Уште нешто друго станува јасно, а тоа е дека резервните играчи на екипите ќе бидат лоцирани не на клупите, туку на трибините. Според „Ил Темпо“, протоколот составен од владата и Серија „А“ е долг 36 страници. Како што се очекуваше, маскотите на екипите, фотографиите пред натпреварите, како и ракувањето се строго забранети. Споровите со судиите исто така нема да бидат дозволени, бидејќи играчите не можат да им пристапат на службените лица на оддалеченост од помалку од 1,5 метри.

Тагови

Остани поврзан