• недела, 24 ноември 2024

Ќе има доволно свежо свинско месо, мерки за помош на свињарите од кумановско

Ќе има доволно свежо свинско месо, мерки за помош на свињарите од кумановско
Куманово, 23 март 2023 (МИА) - Државава нема да увезува свежо свинско месо поради состојбата со африканската чума во кумановско, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи при посетата на кумановската компанија „Махагони“. Тој нагласи дека мора да се преземат превентивни мерки за заштита од африканската чума. Најави и поддршка за одгледувачите.

-Сметам дека штетата може да биде многу поголема и за одгледувачите и кон населението. Затоа мораше да се преземат. Како што се справуваме со истиот момент со африканската чума пред неколку години, ќе се справиме и сега, изјави Битиќи.

Како што дополни, одгледувачите ќе се помогнат со одредени мерки.

-Гарантирам дека свежо свинско месо ќе има доволно на трпезите на секој еден граѓанин затоа што, сметам дека има доволно количини во државата, изјави вицепремиерот.

Запознаен е со информациите за оваа тема, но додава дека состојбата будно и на контролиран начин ја следат Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со МЗШВ.

Вицепремиерот Битиќи нагласи дека никој нема да биде оштетен.

Одгледувачите на свињи од кумановско, вчера имаа средба со претставници на АХВ за оваа состојба.ам/лв/
 
Фото МИА
 

Остани поврзан