• сабота, 23 ноември 2024

Ќе важат старите дозволи за движење на работниците до работа и при промена на времето на полицискиот час

Ќе важат старите дозволи за движење на работниците до работа и при промена на времето на полицискиот час
Скопје, 25 април 2020 (МИА) - Компаниите повеќе нема да треба да издаваат нови дозволи за движење на работниците до работните места со секоја промена на режимот на движење и периодот на траење на полицискиот час, туку ќе важат веќе издадените дозволи, соопшти владината прес-служба.
-Владата на Република Северна Македонија на последниот кризен штаб донесе одлука со која се продолжува важноста на веќе издадените дозволи за движење за време на полициски час на работниците поради вршење на сменска и ноќна работа. Со последната одлука работодавачите немаат повеќе обврска да го менуваат датумот и временскиот период во образецот заради нивно усогласување со Одлуката за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.107/20), се наведува во соопштението.
Овие дозволи, како што е посочено во соопштението, ги издава работодавачот на пропишан образец од страна на Владата.  Во дозволата се наведуваат основните податоци за работникот, адресата на живеење, но и работното место и називот на компанијата во која работи. При тоа, се наведува и смената во која е ангажиран работникот. Дозволата е потврда за движењето на работникот во услови на полициски час и истата се приложува на увид до органите на државата во случај на контрола. Дозволата за движење  важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена.
-Овие издадени дозволи од страна на работодавачот не треба да бидат заверени и потврдени од страна на Министерството за внатрешни работи или надлежното ОВР, се наведува во соопштението од владината прес-служба. дма/сст/

Остани поврзан