• среда, 27 ноември 2024

Ќерката на Мадона, Лурдес Леон е заштитно лице на пролетната колекција на Марк Џејкобс

Ќерката на Мадона, Лурдес Леон е заштитно лице на пролетната колекција на Марк Џејкобс
Лисабон, 19 февруари 2021 (МИА) - Лурдес Леон, ќерката на поп-пејачката Мадона, е новото заштитно лице на пролетната колекција на дизајнерот Марк Џејкобс за оваа 2021 година. Американскот бренд ја потврди соработката, објавувајќи фотографии од колекцијата, на коишто Леон е облечена во светли бои и цветни комбинации. Колекцијата на Џејкобс е моделирана според претходните линии, типични за 1990-тите. Според краткото соопштение за брендот, снимањето и фотосесијата се инспирирани од еклектицизам и индивидуализиран пристап кон личниот стил... Ова не е првпат ќерката на Мадона да учествува во модна кампања. Лурдес дебитираше на видео-ревија на „Миу-Миу“ во 2019 година и оттогаш следеа неколку линии вклучувајќи ги тука и „Жан-Пол Готје - Суприм“, и „Парејд - Џуси котур“. Мадона, инаку е долгогодишна муза, пријателка и инспирација на дизајнерот Марк Џејкобс. Во интервју за „Вог“, Џејкобс, претходно креативен директор на „Луј Витон“, ја нарече „кралицата на попот“ - врвна изведувачка. Мадона учествуваше во две кампањи на „Луј Витон“ под водството на Џејкобс.  си/

Остани поврзан