• сабота, 23 ноември 2024

Њујорк Тајмс: Севернокорејски војници се судрија со украински војници во Русија

Њујорк Тајмс: Севернокорејски војници се судрија со украински војници во Русија

Њујорк, 6 ноември 2024 (МИА) - Севернокорејските војници се судрија со украинските сили кои се борат во руската област Курск, објави Њујорк Тајмс, цитирајќи неименувани високи американски и украински претставници.

„Досегот беше ограничен“, изјави украински функционер за весникот.

Официјалниот претставник додаде дека севернокорејските сили се бореле заедно со руската 810-та одделна морска пешадиска бригада.

Во август, украинските сили го нападнаа рускиот пограничен регион Курск, каде што зазедоа голем број населени места во првиот таков напад на руска територија откако Москва ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Пентагон соопшти дека во Курск има најмалку 10.000 севернокорејски војници, но не ги потврди информациите дека тие учествуваат во борбите.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров во интервју за јужнокорејската телевизија изјави дека дошло до прв контакт со севернокорејските сили.

„Њујорк тајмс“ објави дека не е јасно каде се воделе борбите. 

Во своето ноќно обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека судирите меѓу украинската армија и севернокорејските војници „отвораат нова страница на нестабилност во светот“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан