• сабота, 23 ноември 2024

Њујорк тајмс: Рамасвами нема да биде потпретседател на Трамп

Њујорк тајмс: Рамасвами нема да биде потпретседател на Трамп

Вашингтон, 19 март 2024 (МИА)  - Кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп, нема да го избере бизнисменот Вивек Рамасвами за свој потпретседател, но може да му понуди место во неговиот кабинет доколку победи на изборите во ноември, пишува Њујорк пост.

Рамасвами, кој исто така се кандидира за републиканска номинација, го поддржа Трамп по пратеничката група во Ајова на 15 јануари. Неговиот тим истакнува дека „има многу шпекулации во медиумите, но главниот фокус на Вивек е Трамп да биде избран за претседател“.

„Така ќе ја подигнеме Америка“, изјави портпаролката на Рамасвами, Триша Меклафлин за американскиот весник.

Таа додаде дека САД би биле „среќна земја“ доколку Рамасвами биде дел од следната американска администрација.

Минатиот месец Трамп во гостувањето на Фокс њуз рече дека во неговата „кратка листа“ на потенцијални потпретседателски кандидати се и сенаторот Тим ​​Скот, поранешната конгресменка Тулси Габард, гувернерката на Јужна Дакота Кристи Ноем, конгресменот Бајрон Доналдс и гувернерот на Флорида Рон ДеСантис. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан