• четврток, 26 декември 2024

„Њујорк Тајмс“: Од утре 1.000 странци и лица со двојно државјанство ќе почнат да се евакуираат од Газа

„Њујорк Тајмс“:  Од утре 1.000 странци и лица со двојно државјанство ќе почнат да се евакуираат од Газа

Њујорк, 1 ноември 2023 (МИА) - Од утре се очекува 1.000 странци, лица со двојно државјанство и Палестинци кои се претставници на меѓународни организации, да почнат да го напуштаат Појасот Газа преку граничниот премин Рафа, јави весникот „Њујорк Тајмс“, цитирајќи западни дипломати.

Евакуацијата ќе трае се додека сите оние кои ги исполнуваат договорените критериуми не влезат на територијата на Египет, забележува весникот.

Претходно, денеска Тасс јави дека палестинското движење Хамас објави списоци со речиси 430 лица кои ќе можат да го напуштат Појасот Газа преку контролниот пункт Рафа, повикувајќи се на порака на Фејсбук на граничната служба на енклавата, која беше дистрибуирана во текот на ноќта. Овие списоци не беа објавени во официјалните медиуми на Хамас. Во нив се наоѓаат имињата на државјани на Австралија, Австрија, Индонезија, Јордан, Финска, Чешка, Бугарија и Јапонија.

Договорот меѓу Хамас, израелските власти и Египет, што денеска беше постигнат со посредништво на Катар и координација на САД, им овозможува на тешко повредените и странците да го напуштат Појасот Газа, забележуваат британските медиуми. сд/

фото:ДПА

Остани поврзан