• недела, 24 ноември 2024

Њукасл ќе плати 5-6 милиони фунти за позајмица на Лингард и ќе ја покрие неговата плата во Манчестер jунајтед

Њукасл ќе плати 5-6 милиони фунти за позајмица на Лингард и ќе ја покрие неговата плата во Манчестер jунајтед
Лондон, 25 јануари 2022 (МИА) - Њукасл бара да ангажира пет нови играчи во последната недела од зимскиот преоден рок, објави „The ​​Telegraph“. Во клубот се уверени дека преговорите за позајмица на играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард ќе бидат успешни. Забележано е дека Њукасл ќе плати 5-6 милиони фунти за позајмица на фудбалерот од средниот ред и дека ќе ја покрие целата негова плата во Јунајтед, која изнесува 80 илјади фунти неделно. Њукасл е исто така заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред на Јувентус, Арон Ремзи, членот на Тотенхем, Деле Али, дефанзивецот на Севиља, Диего Карлос и дефанзивецот на Барнли, Џејмс Тарковски. зс/

Остани поврзан