• сабота, 23 ноември 2024

Њукасл потпиша со 17-годишен напаѓач од Грузија

Њукасл потпиша со 17-годишен напаѓач од Грузија

Њукасл, 30 октомври 2024 (МИА) – Премиерлигашот Њукасл објави потпис на договор со 17-годишниот грузиски напаѓач Вахтанг Салија.

Младиот фудбалер е член на Динамо Тбилиси.

Договорот на Њукасл со играчот, чие времетраење не е прецизирано, ќе стапи на сила на 31 август, веднаш откако играчот ќе наполни 18 години.

Салија потекнува од фудбалската школа на Динамо Тбилиси. Тој постигна шест гола и две асистенции на 32 натпревари за тимот. зс/

Фото: Њукасл јунајтед

Остани поврзан