• сабота, 21 декември 2024

Љутков: Се обврзувам на многу инвестиции во културата- со развиена култура ќе имаме посреќно општество

Љутков: Се обврзувам на многу инвестиции во културата- со развиена култура ќе имаме посреќно општество

Скопје, 23 јуни 2024

Доаѓам од штиците што живот значат. Доаѓам од сцената каде скоро 2 децении го давам својот максимум знам како размислуваат уметниците, знам што и е потребно на културата. 7 години министерството за култура беше се само не тоа што треба да биде. Никогаш повеќе не била оддалечена фелата од културата како што тоа е сега, никогаш повеќе не биле понижени културните работници од тоа што се изминативе 7 години.

Време е за промени, ветувам дека ќе свртам нов лист. Се обврзувам на многу инвестиции, нови и реновирани сцени, поддршка за македонскиот  филм, македонските фестивали, музика, ликовна уметност, издаваштво, поддршка за актерите, заштита на културното наследство и подобри услови за работа. Достоинствена меѓународна презентација, знам точно што треба  да се направи, културните работници ќе добијат елан за работа и тврорештво  тоа го ветувам со развиена култура имаме посреќно општество. Македонија за сите, Македонија за тебе, почнуваме!

 

Линк од објава на Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и предлог министер за култура

https://www.facebook.com/zljutkov/videos/1639699373472518/

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан