• недела, 24 ноември 2024

Љутков: Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети

Љутков: Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети

Скопје, 12 септемри 2024 (МИА) - Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети или во нивна близина, како и на земјиште кое е веќе скенирано и на кое постои можност да има некакво археолошко наоѓалиште, порача денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Националниот конзерваторски центар, Љутков информира и дека црквата во село Галате е нов објект кој не е заштитен.

Во врска, пак, со случајот „Бисера Антоанета“ што го отвори ВМРО-ДПМНЕ, според кој поранешната министерка за култура Костадиновска Стојчевска во странство трошела пари од државна картичка за лични потреби, Љутков рече дека Министерството за култура и ги доставило на ДКСК сметките и се што е потребно за натамошна постапка.

-Да, сметките се поднесени веднаш, бидејќи таму постоеше и Работна група што ги испитуваше сите патувања, така што Работната група заврши, го достави дописот до ДКСК, но и до МВР, нагласи Љутков. мч/нд/

фото/видео: МИА

Остани поврзан