• среда, 27 ноември 2024

Љупчо Папазов избран за претседател на Советот на градоначалници на Источен плански регион

Љупчо Папазов избран за претседател на Советот на градоначалници на Источен плански регион
Пробиштип, 4 ноември 2022 (МИА) - На седница на Советот на градоначлници на Источен плански регион (ИПР) што се одржа денеска во Општина Пробиштип, за нов претседател на Советот на градоначалници на ИПР е избран градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов. Една година оваа функција ја извршуваше градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, кој беше домаќин на градоначалниците на Источно планскиот регион,  информира дека на седмата седница на Советот на градоначалници на Источен плански регион се разговарало за повеќе точки, за можностите за мултифункционално искористување на водните ресурси од Источниот регион, решенија засновани на природата за пречистивање на водите и адаптација на климатските промени, можност за спроведување на организиран пристап во однос на заштита на населението од вектор-преносливи болести преку дезинсекција на возрасни комарци, презентации за одредени проекти кои се реализирани во општини од регионот.  вдј/цр

Остани поврзан