• вторник, 12 ноември 2024

Љупчо Коцевски избран за државен јавен обвинител

Љупчо Коцевски избран за државен јавен обвинител

Скопје, 13 февруари 2024 (МИА) – Едногласно со 62 гласа „за“ Собранието го избра Љупчо Коцевски за нов државен јавен обвинител. Исто така едногласно, но со 63 гласа „за“ Собранието во рамките на 140-тата седница го избра и Игор Ивановски за член на Совет за експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Во рамки на седницата пратениците најчесто едногласно изгласаа уште 15 други законски решенија меѓу кои неколку за избор на членови и заменици членови на повеќе собраниски комисии, претседатели и членови на неколку одбори за доделување државни награди, за членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво, за Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и за избор на директор на Агенцијата за квалитет во високото образование.

По гласањето на овие точки претседателот на Собранието Јован Митрески најави дека пратениците дополнително ќе бидат известени за продолжувањето на седницата. вј/нд/

Фото: МИА архива и принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан