• четврток, 26 декември 2024

Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката
Лондон, 20 јануари 2021 (МИА) - И покрај новиот карантин, Англичанецот Бен Хоган успеа да ја запроси својата девојка, и тоа - со помош на робот. Хоган е стручњак за апликации, а неговиот план да ја запроси Шери Доус, го реализираше со помош на роботот „Старшип“ (Starship), којшто вообичаено се користи за достава на намирници и нарачки. Овој пат испораката беше посебна бидејќи роботот однесе веренички прстен... Бен и Шери се запознале пред првиот карантин во Англија, а нивната љубов ќе продолжи да живее заедно со нив во населбата Милтон Кинс. - И покрај тоа што јас сум „занесеникот“, и Шери е доста опседната со овие роботи. Таа верува дека тие (роботите) имаат своја личност додека се движат и ја вршат својата работа во Милтон Кинс. Ние ги немаме околу нас, ние сме надвор од тоа подрачје, па не знам што направиле за да дојде олку далеку. Се разбира, ние сме му многу благодарни, се пошегува Хоган. Неговата свршеница исто така не го криеше своето воодушевување. - Мислам дека се слатки, сакам еден за по дома. Мислев дека во роботот ќе има алкохол или чоколадо, а не прстен. Многу сум среќна!, рече Доус. Инаку, во Велика Британија се во сила нови строги мерки за спречување на корона-заразата.  си/

Остани поврзан