• четврток, 26 декември 2024

Љафтов: На ЕП повторно ќе го покажеме најдоброто од македонската одбојка

Љафтов: На ЕП повторно ќе го покажеме најдоброто од македонската одбојка
Шлагелсе, 27 мај 2021 (МИА) – Македонските одбојкари во првата реакција на денешната жрепка за претстојното Европско првенство (ЕП) оценија дека групата остава простор за добри резултати. Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ на ЕП од 1 до 19 септември ќе играат во групата Ц, во финскиот град Тампере, против еден од четири кодомаќини на звршниот турнир Финска, како и репрезентациите на Русија, Холандија, Турција и Шпанија. -Групата не е толку лесна, но не е ниту многу тешка. Ние втор пат ќе играме на едно ЕП и сега ќе бидеме поискусни. Противниците ни се познати и ни преостанува добро да се подготвиме за нив. Како и на претходното, ние и на ова ЕП одиме да се бориме и да го покажеме најдобро од Македонија во одбојка, изјави репрезентативецот Александар Љафтов од „базата“ во Шлагелсе, каде македонските одбојкари од утре до недела го играат вториот дел од групната фаза во Европската сребрена лига против Данска, Израел и Кипар. ег/вј/

Остани поврзан