• среда, 25 декември 2024

ЈуТјуб ја суспендира телевизијата Скај њуз Австралија поради дезинформации за Ковид-19

ЈуТјуб ја суспендира телевизијата Скај њуз Австралија поради дезинформации за Ковид-19
Вашингтон, 1 август 2021 (МИА) - ЈуТјуб (YouTube) денеска објави дека на една недела го суспендира телевизискиот канал Скај њуз Австралија Sky News Australia) од својата платформа за размена на видео-снимки поради лажни информации за Ковид-19. - Имаме јасна политика за лажните информации за Ковид-19... за да спречиме ширење на лажни информации за коронавирусот, кои можат да нанесат штета на светот, се наведува во соопштението на ЈуТјуб. Скај њуз Австралија е во сопственост на медиумскиот могул Руперт Мардок, а на ЈуТјуб има 1,86 претплатници. Телевизијата пред три дена на ЈуТјуб објави колумна на автор кој се спротивставува на рестриктивните мерки и ги критикувца властите за затворањето на Сиднеј. ЈуТјуб има три вида казни за прекршувања: првата е суспензија од една недела, потоа две недели за повторување на прекршокот во рок од 90 дена и конечно трајно отстранување од платформата. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше суспендиран од ЈуТјуб на почетокот на 2021 година. Видео платформата ЈуТјуб е во сопственост на Алфабет (Alphabet), матичната компанија на Гугл (Google). ми/

Остани поврзан