Јутјуб затвора шест канали на американски десничарски активисти
- Јутјуб им забрани на американски екстремни десничарски активисти да користат шест нивни канали, затоа што повеќе пати ги прекршиле политиките и правилата на платформата со кои се регулира гов
Лондон, 30 јуни 2020 (МИА) - Јутјуб им забрани на американски екстремни десничарски активисти да користат шест нивни канали, затоа што повеќе пати ги прекршиле политиките и правилата на платформата со кои се регулира говорот на омраза, јави британскиот весник „Гардијан“.
Забраната важи и за некои од најозлогласените екстремни десничари, вклучувајќи го и поранешниот лидер на Кју Клукс Кланот Дејвид Дјук, главниот идеолог на десничарскиот канал Алт-Рајт Ричард Спенсер и каналот „Расен реалист“ Стефан Молонекс.
Со овие забрани, Јутјуб се приклучи на бранот на социјалните мрежи кои преземаат акции против говорот на омраза. јт/