• среда, 25 декември 2024

Јутјуб ги затвори каналите на Расел Бренд

Јутјуб ги затвори каналите на Расел Бренд

Лондон, 19 септември 2023 (МИА) - Видеоканалите на Расел Бренд на Јутјуб се суспендирани до следно известување, поради „прекршување на политиката на одговорност“ и заради заштита на корисниците, како што е наведено.

„Ако однесувањето на создавачот на содржини вон платформата им наштетува на нашите корисници, вработени или екосистемот, ние преземаме акција. Одлуката се однесува на сите канали што може да се во сопственост или управувани од Бренд“, соопшти видеоплатформата.

Британскиот глумец деновиве се соочува со обвинувања за сексуална злоупотреба и насилство. си/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан