• среда, 25 декември 2024

„Јутјуб“ воведува реклами на паузирано видео

„Јутјуб“ воведува реклами на паузирано видео

Лос Анџелес, 20 септември 2024 (МИА) - „Гугл“ воведува прикажување реклами додека корисниците на „Јутјуб“ го паузираат видеото што го гледаат. Менаџерот за комуникации на видеоплатформата потврди за „Верџ“ (The Verge) дека има „моќен одговор од огласувачите и рецензентите“ по објавувањето на „Пауза-рекламите“.

„Јутјуб“ почна да ја истражува употребата на реклами на паузирани видеа уште во 2023 година, со одредени огласувачи. Одговорниот раководител на бизнисот - Филип Шиндлер, во април минатата година изјави дека новиот концепт им се допаднал на огласувачите, но оти гледачите не се одушевени од оваа замисла, според внатрешните истражувања.

Овој концепт не е нешто ново, бидејќи некои стрим-услуги, како што се „Дирек-ТВ“ и „Хулу“, направија сличен потег, па прикажуваат реклами во случаи со пониски нивоа на претплата.

Производите на „Амазон“, како што е таблет-компјутерот „Фајр“, прикажуваат реклами на заклучениот екран. Компанијата претходно најави и дополнително проширување на својата понуда.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан