• четврток, 19 декември 2024

Јутарњи лист: Помпео следната недела во Хрватска

Јутарњи лист: Помпео следната недела во Хрватска
Загреб, 24 септември 2020 (МИА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео следната недела ќе пристигне во Хрватска, каде во Дубровник ќе се сретне со премиерот Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлич Радман, пишува загрепски „Јутарњи лист“. Точниот датум на пристигнување на Помпео сè уште се утврдува, бидејќи за следната недела е најавена седница на Советот на Европа. Весникот пишува дека темите, покрај билатералните односи, ќе бидат поврзани со укинување на визите, избегнување на двојно оданочување, но и интересот на САД за дискутирање за воведување на мрежата 5Г, што беше клучна тема кога Помпео беше во Словенија. Помпео неодамна, во рамки на европската турнеја, ги посети Полска, Чешка, Австрија и Словенија, со агенда да ги предупреди сојузниците на НАТО за „опасноста од растечкото влијание на Кина и Русија“, односно за неопходноста од отфрлање на „Хуавеј“ како глобален технолошки лидер во развојот на мрежите од новата генерација, но исто така и потребата за диверзификација на снабдувањето со гас и нафта. паг/  

Остани поврзан