• четврток, 19 декември 2024

Јун Сук-Јол: Воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја е закана за глобалната безбедност

Јун Сук-Јол: Воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја е закана за глобалната безбедност

Сеул, 29 октомври 2024 (МИА) - Воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја е „сериозна закана за глобалната безбедност“, изјави денеска јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол.

Јужнокорејскиот лидер ја даде својата изјава откако вчера Пентагон соопшти дека Северна Кореја веќе испратила 10.000 свои војници во Русија.

-Оваа незаконска соработка меѓу Русија и Северна Кореја е сериозна закана за безбедноста на меѓународната заедница и може да претставува сериозен ризик за нашата национална безбедност, рече Јун.

Претходно, јужнокорејскиот претседател во телефонски разговор со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека севернокорејските војници би можеле да бидат распоредени на линијата на фронтот во Украина побрзо од очекуваното. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан