Јунјатед подготвен да плати 100 милиони евра за Кејн
- Потсетувајќи дека Кејн е долгогодишна желба на Јунјатед, англиските медиуми пренесуваат денеска дека неговиот трансфер ова лето е пореален од кога и да е.
Лондон, 25 април 2023 (МИА) – Премиерлигашот Манчестер јунајтед сака ова лето да го донесе во своите редови Хари Кејн и за услугите на англискиот репрезентативец е подготвен да му плати на Тотенхем обесштетување од 100 милиони евра.
Потсетувајќи дека Кејн е долгогодишна желба на Јунјатед, англиските медиуми пренесуваат денеска дека неговиот трансфер ова лето е пореален од кога и да е.
Кејн има договор со Тотенхем до јуни идната година, и според медиумите, клупскиот претседател Даниел Леви ќе се согласи да му дозволи да замине на крајот на оваа сезона, за да не се доведе во ситуација идното лето да остане и без Кејн, и без пари.
Кејн е во Тотенхем од почетокот на кариерата и досега за лондонскиот клуб одигра 429 натпревари на кои постигна 274 голови. Три пати беше најдобар стрелец во Премиер лигата, но со Тотенхем не освои ниту еден трофеј. ег/
ФОТО: Твитер