• недела, 01 септември 2024

Јуниорките на КК Крива Паланка ќе играат во финалето на лигата

Јуниорките на КК Крива Паланка ќе играат во финалето на лигата
Крива Паланка, 23 мај 2022( МИА) - Кошаркарките на КК Крива Паланка се пласираа во финалето на јуниорската лига по победата над ЖКК Бадел 1862, Скопје од 67:56 во полуфиналниот меч што се одигра вечерва во спортската сала „Бранители 2001".
КК Крива Паланка е домаќин и организатор на завршниот турнир за четирите најдобри екипи во оваа конкуренција,а покрај КК Крива Паланка, учествуваат ЖКК Трокал, Кавадарци, ЖКК Бадел 1862,Скопје и ЖКК Баскет Кам, Македонска Каменица.
-Можам само да кажам дека девојчињата одиграа одличен натпревар, а победија посветеноста на тимот, тимската игра, добрата одбрана и концентрацијата во нападот. Финалето беше посакувано, играме пред домашна публика која и денес нѐ поддржа максимално, така што, со нови сили ќе влеземе во мечот кој како финален, сигурно ќе понуди одлична игра, изјави тренерот на КК Крива Паланка, Мирослав Ивановски.
Во вториот натпревар за влез во финалето играат ЖКК Трокал и ЖКК Баскет Кам.
Натпреварот за третото место утре ќе се игра во 16 часот и 30 минути,а финалето е закажано за 19 часот.иб/ир

Остани поврзан