• недела, 28 јули 2024

Јуниорките на КК Крива Паланка подобри од „Баделки"

Јуниорките на КК Крива Паланка подобри од „Баделки
Крива Паланка, 17 април 2022 (МИА) - Јуниорскиот кошаркарски тим на КК Крива Паланка вечерва го совлада тимот на ЖКК "Бадел 1862" во натпревар во кој домашниот состав го имаше водството уште од првата минута. Натпреварот од младинската лига при Кошаркарска федерација на Република Северна Македонија, конкуренција девојки под 18 години, се одигра во спортската сала"Бранители 2001", а публиката беше шестиот играч на теренот. - Им честитам на моите девојчиња кои денес одиграа исклучително тежок натпревар, игравме пожртвувано и со силен жар за освојување на секоја топка на теренот, со многу компактна одбрана и тимска игра, така што, реализацијата на нападите беше вториот дел кој исто така добро го одработија, за да биде сѐ како што и на крајот се покажа, победа со водство во целиот натпревар, извесност и стабилност на играта, изјави тренерот на КК Крива Паланка, Мирослав Ивановски. Истакна дека посебно радува фактот дека девојчињата одиграле одличен натпревар, втор во изминатите 24 часа,по синоќешниот натпревар од плејофот во првата женска лига, кадешто, рече, настапуваат најголемиот дел од истите девојчиња. Тимот КК Крива Паланка го дели првото место на табелата во јуниорската конкуренција, заедно со ЖКК Трокал, Кавадарци, а до крајот на првиот дел од првенството останува да се одигра само меѓусебниот дуел помеѓу двете екипи за да се одреди првопласираниот,по што ќе се играат четвртфиналните средби. ид/

Остани поврзан