• недела, 06 октомври 2024

Јунајтед чекор поблизу до Регилон

Јунајтед чекор поблизу до Регилон
Мадрид, 14 септември 2020 (МИА) - Манчестер Јунајтед е се поблизу до привлекување на левиот бек на Реал Мадрид, Серхио Регилон. Според „Марка“, преговорите меѓу двата клуба значително напреднаа во последните часови. Поентата на дискусијата е сепак дали да се вклучи откупна клаузула во договорот за младиот дефанзивец. Кралскиот клуб сака да ја задржи шансата да го врати Регилон за две или три сезони, додека Јунајтед се обидува да ја избегне оваа клаузула. Цената ќе зависи и од тоа дали ќе биде таа присутна или не. Од шпанското издание додаваат дека раководството на „Сантијаго Бернабеу“ бара околу 25 милиони евра. Личните услови на Реџилон нема да бидат проблем, бидејќи самиот играч сака да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“. Според „Дејли Мејл“, Тотенхем би можел да се вклучи во битката во последен момент за 23-годишниот дефанзивец, кој остави одличен впечаток со неговите настапи во Севиља минатата сезона.

Тагови

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан