• среда, 25 декември 2024

Јунајтед започна преговори за продолжување на договорот со Фернандеш

Јунајтед започна преговори за продолжување на договорот со Фернандеш
Манчестер, 15 август 2021 (МИА) - Манчестер јунајтед започна преговори за продолжување на договорот со играчот од средниот ред Бруно Фернандеш, објави  новинарот Николо Шира. Според новинарот, двете страни разговараат за продолжување на договорот со 26-годишниот Португалец уште од минатата недела. Се планира новиот договорот да биде со важност до крајот на јуни 2026 година. Вчера, на првиот натпревар на Јунајтед во сезоната 2021/22, Фернандеш постигна три гола против Лидс (5:1). Договорот на актуелниот фудбалер важи до крајот на јуни 2025 година. зс/

Остани поврзан