• сабота, 23 ноември 2024

Јунајтед ерлајнс ќе купи 270 нови авиони

Јунајтед ерлајнс ќе купи 270 нови авиони

Вашингтон, 30 јуни 2021 (МИА) - Американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ објави дека порачала 270 нови авиони од „Боинг“ и „Ербас“ за да го искористат силното закрепнување на побарувачката за патувања во постпандемискиот период.

Компанијата соопшти дека нарачала 200 авиони „Боинг МАКС 737“ и 70 авиони „А321нео“ од „Ербас“ со вкупна вредност по каталошки цени од 30 милијарди долари.

Нарачката вклучува и 25 авиони „Боинг МАКС 737“ . Другите клиенти ги откажаа нарачките за тие авиони за време на нивното 22-месечно приземјување по две тешки несреќи во кои загинаа 346 лица.

Регулаторите во САД и Европа, во меѓувреме, го одобрија нивното враќање во сообраќај по промените со што ги отстранија безбедносните проблеми.

„Јунајтед ерлајнс“ планира ова лето да го вклучи првиот „Боинг МАКС 8“ со нов ентериер во својот распоред на летови, а на почетокот на 2023 година ќе ги воведе и „МАКС 10“ и „А321 нео“. паг/

Остани поврзан