• недела, 06 октомври 2024

Јунајтед ерлајнс купува 270 авиони

Јунајтед ерлајнс купува 270 авиони
Атланта, 1 јули 2021 (МИА) - Американската Јунајтед Ерлајнс информира дека купува 270 авиони, што е најголема набавка на авиони во историјата на компанијата. Тоа е исто така најголема нарачка од која било авиокомпанија во последните десетина години. Каталошката цена за 270 авиони е околу 35 милијарди долари, пренесува Си-Ен-Ен, појаснувајќи дека вообичаено компаниите плаќаат далеку помалку од каталошката цена и оваа нарачка ќе ја чини Јунајтед Ерлајнс околу половина од наведената сума. Според Си-Ен-Ен, Јунајтед ерлајнс ќе добие значителен попуст за 200 авиони „Боинг 737 МАКС“, кои го сочинуваат најголемиот дел од нарачката, а остатокот се однесува на набавка на 70 авиони „Ербас“, тип А321нео. ссм/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан