• четврток, 26 декември 2024

Јужнокорејскиот опозициски лидер Ли Џае Мунг повреден во напад

Јужнокорејскиот опозициски лидер Ли Џае Мунг повреден во напад

Сеул, 2 јануари 2024 (МИА) - Лидерот на јужнокорејската опозиција, Ли Јае Мјунг беше избоден со нож за време на јавен настап.

Инцидентот се случил кога Ли одговарал на прашања на новинарите по посетата на градилиштето за нов аеродром на југоисточниот остров Гадеок. Островот е дел од крајбрежната метропола Бусан.

-Ли паднал на земја со раскрвавена рана на вратот, објавија јужнокорејските радиодифузери. Тој бил пренесен во болница откако на местото на настанот му била укажана прва помош.

Корејските медиуми објавија дека политичарот бил свесен. Осомничениот напоаѓач е упасен на местото на настанот. 

Ли беше тесно поразен од претседателот Јун Сук Јеол на претседателските избори во март 2022 година. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан