Јужнокорејската полиција изврши претрес во канцеларијата на поранешниот претседател
- Јужнокорејската полиција денеска изврши рација во поранешната канцеларија на соборениот претседател Јун Сук-јеол како дел од истрагата за неговиот неуспешен обид да воведе вонредна состојба во декември. Полицијата соопшти дека извршила „налог за претрес и заплена во претседателската канцеларија и комплексот на претседателската резиденција“ во Сеул.

Сеул, 16 април 2025 (МИА) - Јужнокорејската полиција денеска изврши рација во поранешната канцеларија на соборениот претседател Јун Сук-јеол како дел од истрагата за неговиот неуспешен обид да воведе вонредна состојба во декември. Полицијата соопшти дека извршила „налог за претрес и заплена во претседателската канцеларија и комплексот на претседателската резиденција“ во Сеул.
Како што се наведува, претресите биле извршени како дел од истрагата за „наводно попречување на извршување на налог за апсење“.
Полицијата, исто така, заплени шифрирани телефони и снимки од камерите за надзор од претседателската канцеларија како дел од посебна истрага против поранешниот министер за внатрешни работи Ли Санг-мин.
И покрај тешките обвиненија со кои се соочува, Јун Сук-јеол е на слобода бидејќи притворот му е укинат поради процедурална грешка. мс/
фото: МИА архива