• среда, 25 март 2026

Јужноафриканската војска распоредена низ улиците на Јоханесбург како помош на полицијата во борбата против бандите

Јужноафриканската војска распоредена низ улиците на Јоханесбург како помош на полицијата во борбата против бандите

Јоханесбург, 11 март 2026 (МИА) - Армијата на Јужна Африка денеска беше распоредена на улиците на Јоханесбург за да ѝ помогне на полицијата во борбата против бандите и нелегалното рударство, објави претседателот, Сирил Рамафоса.

Војниците беа видени во предградието Риверли, во Јоханесбург, во првото големо распоредување откако Рамафоса во своето годишно обраќање до нацијата, минатиот месец, рече дека организираниот криминал е најголемата закана за демократијата и економскиот развој на Јужна Африка.

Јужноафриканската полиција и Министерството за одбрана, кое ја контролира војската, досега одбија да коментираат детали за операцијата.

Рамафоса му соопшти на претседателот на Парламентот дека 550 војници ќе бидат вклучени во првичното распоредување во покраината Гаутенг, која го вклучува Јоханесбург, за да помогнат во борбата против криминалот и одржувањето на законот и редот.

„Распоредувањето ќе трае до крајот на април“, рече претседателот.сд/ми/

Фото:ЕПА

Остани поврзан