• среда, 25 декември 2024

Јужна Осетија на 17 април ќе спроведе референдум за присоединување кон Русија

Јужна Осетија на 17 април ќе спроведе референдум за присоединување кон Русија
Москва, 13 мај 2022 (МИА) - Отцепениот грузиски регион Јужна Осетија на 17 јули ќе одржи референдум за припојување кон Русија. „Анатолиј Бибилов (лидерот на отцепениот регион) потпиша указ за одржување референдум во Република Јужна Осетија“, се вели во соопштението на прес-службата на Бибилов. Во соопштението се наведуваат „историските аспирации“ на неговиот народ да се приклучат кон Русија. Приклучување кон Русија побараа и сепаратистичките региони на Украина, Доњецк и Луганск. Грузија ја осуди руската воена инвазија на Украина. Земјата ги нарече „неприфатливи“ плановите на Јужна Осетија за одржување референдум за приклучување кон Русија. Москва ги призна независноста на Јужна Осетија и на крајбрежните региони на Абхазија, по кратката војна со Грузија во 2008 година, им обезбеди дарежлива финансиска помош, на жителите им понуди руско државјанство и ги распореди своите војници. ссм/

Остани поврзан