• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Јужна Кореја ќе обезбеди хуманитарна помош во вредност од два милиони долари за Мјанмар

Јужна Кореја ќе обезбеди хуманитарна помош во вредност од два милиони долари за Мјанмар

Сеул, 29 март 2025 (МИА) - Јужна Кореја ќе обезбеди хуманитарна помош во вредност од два милиони долари за Мјанмар за да и помогне на земјата по земјотресот, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на земјата.

„Одлучивме да дадеме хуманитарна помош во вредност од два милиони долари преку меѓународна организација за да помогнеме во брзата реакција на штетите предизвикани од земјотресот во Мјанмар“, се вели во соопштението.

Министерството додаде дека ќе ја разгледа можноста за дополнителна помош, доколку е потребно, во зависност од ситуацијата.

Земјотрес со јачина од 7,7 степени и последователен потрес со јачина од 6,4 степени ги погодија вчера Тајланд и Мјанмар, при што загинаа повеќе од 1.644 луѓе. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан