• четврток, 28 ноември 2024

Јужна Кореја работи на својата 6-Г мрежа

Јужна Кореја работи на својата 6-Г мрежа

Сеул, 21 февруари 2023 (МИА) - Јужна Кореја работи на својата 6-Г мрежа и има намера да ја пушти во употреба како првата таква земја во светот. Се работи за врвна технологија, напредни мобилни мрежи и софтвер од следната генерација и, зајакнување на синџирот на снабдување, објави корејското Министерство за наука, информатичка и комуникациска технологија.

Јужнокорејската Влада ги охрабрува тамошните компании да произведуваат материјали, компоненти и опрема за развој на 6-Г мрежата, а се планира и посовремена мрежа за снабдување со потребните технолошки делови. Со оваа иницијатива, Јужна Кореја, се чини, има за цел да биде пред светот во однос на 6-Г технологијата. Оваа земја ја има четвртата најголема економија во Азија и поседува 25,9 отсто од патентите за 5-Г во 2022 година - таа бројка за Кина е 26,8 отсто. Јужнокорејските власти се надеваат дека ќе го надминат бројот 30 отсто, во однос на патентите за 6-Г.

- Споменатата 6-Г мрежа ќе го обедини виртуелното со вистинскиот свет... Оваа 6-Г мрежата ќе ја пренесе холографската комуникација од научната фантастика во вистинскиот живот, тврди Џанг Јонгтао, заменик-генерален директор на „Ериксон“ за Кина.

Истражувањата за идната технологијата веќе се во тек, а целиот проект чини над 482 милиони долари.  си/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан