• четврток, 19 декември 2024

Јужна Кореја предупреди на „значајна безбедносна закана“ од воената соработка меѓу Северна Кореја и Русија

Јужна Кореја предупреди на „значајна безбедносна закана“ од воената соработка меѓу Северна Кореја и Русија

Сеул, 18 октомври 2024 (МИА) - Зголемената воена соработка меѓу Северна Кореја и Русија, со снабдувањето со оружје и војници за Русија, претставува „значајна безбедносна закана“ за Јужна Кореја и другите земји, соопшти денеска  јужнокорејското претседателство.

Зголемената поддршка на Пјонгјанг за војната на Москва во Украина е повеќе од „пренос на воена опрема и се претвора во распоредување на војници“, се додава во соопштението.

Оваа поддршка, како што се додава, претставува „значајна безбедносна закана“ не само за Северна Кореја, туку и за меѓународната заедница, објави јужнокорејското претседателство.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави вчера во Брисел дека Киев има разузнавачки информации дека 10.000 севернокорејски војници се подготвуваат да им се придружат на руските сили кои се борат против неговата земја, предупредувајќи дека влегувањето на трета земја ќе го претвори конфликтот во „светска војна“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан