• четврток, 26 декември 2024

Јужна Кореја на барање на САД ќе испрати брод во Ормутски Теснец

Јужна Кореја на барање на САД ќе испрати брод во Ормутски Теснец
Сеул, 21 јануари 2020 (МИА) - Јужна Кореја ќе испрати воен брод со 300 морнари во Ормутски Теснец, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана. Таквата одлука е донесена на барање на САД, во време на зголемени тензии помеѓу Вашингтон и Техеран. САД го обвинуваат Иран за низа напади врз бродови во Ормутски Теснец, што е важна стратешка точка за светската трговија со нафта. Во Ормутски Теснец и САД испрати поморска мисија. Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека бродот нема да биде дел од воено поморската мисија на САД и покрај тоа што двата офицера за врска ќе бидат испратени во Штабот на САД за „размена на информации“.Јужна Кореја има дипломатски односи со Техеран уште од 60-тите години на минатиот век. Иран е еден од клучните снабдувачи на нафта на Сеул. ми/

Остани поврзан