• среда, 25 декември 2024

Јужна Кореја и НАТО потпишаа сертификат за пловидбеност на произведените борбени авиони во оваа азиска земја

Јужна Кореја и НАТО потпишаа сертификат за пловидбеност на произведените борбени авиони во оваа азиска земја

Сеул, 12 јули 2024 (МИА) - Јужна Кореја и НАТО потпишаа сертификат за пловидбеност на воени авиони произведени во азиската земја, соопшти денеска претседателството во Сеул, цитирано од британските медиуми, по средбата меѓу јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол и генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг.

Оттаму посочија дека сертификатот ќе помогне за извоз на јужнокорејски авиони и зајакнување на соработката меѓу земјата и НАТО.

Во исто време, за време на состанокот со неговиот јужнокорејски колега, американскиот претседател Џо Бајден го увери во посветеноста на САД да ја одврати Северна Кореја, вклучително и со нуклеарни средства.

Двајцата лидери, исто така, наредија формулирање на насоки за воспоставување интегриран систем за одвраќање за Корејскиот полуостров за одбивање на нуклеарни и воени закани од Северна Кореја, се вели во соопштението на јужнокорејското претседателство.

-Претседателите нагласија дека нуклеарниот напад на Демократска Народна Република Кореја против Република Кореја ќе биде дочекан со брз и решителен одговор, се вели во соопштението.

Во исто време, Јун ја потврди поддршката на неговата земја за Украина, ветувајќи дека ќе го удвои нејзиниот придонес во фондот на НАТО во споредба со 12 милиони долари што ќе ги обезбеди во 2024 година. Во изјавата не се споменува директна воена поддршка за Украина. Јужнокорејското претседателство претходно соопшти дека размислува за снабдување со оружје за Киев, со што ја смени претходната политика за ограничување на помошта само на хуманитарна помош. мс/

фото: ДПА

Остани поврзан