• четврток, 19 декември 2024

Јужна Кореја го крена нивото на закана во пет свои дипломатски мисии поради можни терористички напади од Северна Кореја

Јужна Кореја го крена нивото на закана во пет свои дипломатски мисии поради можни терористички напади од Северна Кореја

Сеул, 2 мај 2024 (МИА) – Јужнокорејското Министерство за надворешни работи го покрена нивото на закана од тероризам на пет свои дипломатски претставништва во регионот, повикувајќи се на разузнавачки информации за тоа дека Северна Кореја може да се обиде да им наштети на официјални лица, јавија британските медиуми.

Станува збор за амбасадите на Јужна Кореја во Камбоџа, Лаос и Виетнам, како и конзулатите во Владивосток (Русија) и Шенјанг (Кина), се наведува во соопштението на Министерството.

Нивото на тревога е покренато од прво на трето ниво во четиристепената јужнокорејска класификација на нивоата на закана, што покажува дека веројатноста за напад е голема, соопшти Министерството за надворешни работи.

Има „голем број индикации дека Северна Кореја се подготвува да изврши терористички напади врз нашиот дипломатски персонал и граѓани“, соопштија јужнокорејските специјални служби.

Службите наведуваат дека Пјонгјанг испратил агенти во споменатите земји за да го засилат набљудувањето на јужнокорејските дипломатски мисии.

Амбасадата на Северна Кореја во Лондон не одговори на повеќети телефонски повици за коментар, упатени од Ројтерс.

За време на Студената војна, Северна Кореја беше обвинета за неколку напади врз цивили, вклучително и бомбардирања на аеродромот во Сеул и јужнокорејски патнички авион. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан